Ангеловска: Нормално е протоколите да претрпат измени, важно е граѓаните да ги почитуваат мерките
Foto

Ангеловска: Нормално е протоколите да претрпат измени, важно е граѓаните да ги почитуваат мерките

Ќе бидеме флексибилни. Нормално е протоколите да претрпат измени, но многу е важно и граѓаните и угостителите да ги почитуваат заштитните мерки, рече денеска министерката за финансии, Нина Ангеловска.

Ангеловска по брифингот со новинарите изјави дека угостителите беа вклучени во носењето на протколите, но сепак, мислењето на епидемиолозите е клучно.

-Мора да ги слушаме епидемиолозите зашто здравјето е најбитно. Протоколите е нормално да претпруваат измени, но многу е важно сите да бидеме дисциплинирани и да се заштитме сами, без некој да не критикува или опоменува. Ќе бидеме флексибилни, но кои би биле дополнителните измени на пртоколите ќе зависи и од граѓаните и од угостителите, рече Ангеловска.

0 Коментари

Остави коментари