Ангеловска-Бежоска: Економските фундаменти оставаат простор за понатамошно водење олабавена монетарна политика
Foto

Ангеловска-Бежоска: Економските фундаменти оставаат простор за понатамошно водење олабавена монетарна политика

Економските фундаменти оставаат простор за натамошно водење олабавена монетарна политика, порача гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во обраќањето на Форумот на централна и источна Европа, што го организира „Еуромани“ во Виена, еден од водечките традиционални настани од областа на финансиите.

На овој годишен настан редовно присуствуваат повеќе од илјада учесници – гувернери на централни банки, министри за финансии, раководители на финансиски институции и инвеститори.

Според Ангеловска-Бежоска, за разлика од дел од развиените економии каде каматните стапки се околу нулата, во нашиот регион, каматните стапки на централните банки и натаму се позитивни, што во зависност од специфичните околности во секоја економија покажува дека просторот за монетарната политика во овие земји веројатно е поголем.

0 Коментари

Остави коментари