Американски конгресмени тврдат дека Трамп му дава нуклеарна технологија на Ријад
Foto

Американски конгресмени тврдат дека Трамп му дава нуклеарна технологија на Ријад

Американската администрација се обидува на брзина да и даде нуклеарни технологии на Саудиска Арабија, се наведува во извештај на Комисија на Претставничкиот дом на САД.

Како што јави Би-Би-Си, извештајот е изработен врз основа на сознанија дека американскиот претседател Доналд Трамп и компании поврзани со него, преземаат активности што „би можеле да доведат до ширење на нуклеарно оружје“.

Комисијата, во која доминираат демократите, најави дека планира да започне истрага за тоа дали Белата куќа планира изградба на американски нуклеарни реактори во Саудиска Арабија.

Ријад, од своја страна, тврди дека станува збор за реактори наменети за изградба на нуклеани електроцентрали, како дел од напортите на саудиските власти за диверзификација на изворите на енергија.

Но, американските конгресмени се сомневаат дека изградбата на реакторите би можела да биде поврзани со обиди за вооружување на Саудиска Арабија, која е главен регионален ривал на Иран.

САД и Саудиска Арабија и претходно преговараа за изградба на нуклеарни реактори, но преговорите пропаднаа откако Ријад не можеше да даде цврсти гаранции дека постројките нема да бидат користени за производство на атомско оружје.

0 Коментари

Остави коментари