Американска мисија за стабилизација на Западен Балкан - Бајден заедно со ЕУ лидерите ќе го поттикнат проширувањето на Европа
Foto

Американска мисија за стабилизација на Западен Балкан - Бајден заедно со ЕУ лидерите ќе го поттикнат проширувањето на Европа

Западниот балкан се враќа на голема врата во фокусот на САД. После наредбата за нови санкции кон луѓето кои се дестабилизатори на договорите на балканот, амаериканскиот претседател Џо Бајден следната недела доаѓа во Брисел, јавува српската државна телевизија РТС.

Америка ќе инсистира унијата да ја превземе иницијативата во преговорите Белград – Приштина но и во процесот на проширување на унијата. Стејт департментот се уште не открива дали и кои луѓе од Македонија ќе се најдат на црната листа на САД после санкциите на Бајден кон оние кои учествуваат во дестабилизација на Западен Балкан загрозувајќи ги Преспанскиот и Охридскиот договор. Портпаролот на Стејт департменот Нед Прајс вели дека оваа алатка ќе озвозможи на САД да се адресираат најитните закани за стабилноста и напредокот на демократските институции“.

САД се посветени да ги промовираат демократијата, транспарентноста, одговорноста и демократското владеење низ Западен Балкан, во согласност со стандардите што државите мора да ги постигнат за да ја исполнат нивната цел за напредок на европскиот пат.

Министерката за одбрана Радмила Шеќеринска вели дека пораката на новата американска администрација е јасна.

Професорот Мерсел Биљали за Студио 10 вели дека зголеменото интересирање на САД за западниот балкан е поради ставот на Вашингтон дека корупцијата предизвикува детсабилизација.

Од Советот на амбасадори велат дека ги подржуваат заклучоците на администрацијата на Бајден за широко распостранета корупција на Западниот Балкан и проширувањето на изворите за дестабилизација и со противниците на Преспанскиот договор.

0 Коментари

Остави коментари