Aмди Бајрам направи свадба за внуката со 600 гости во Турција - свадбарите нема да одат во изолација
Foto

Aмди Бајрам направи свадба за внуката со 600 гости во Турција - свадбарите нема да одат во изолација

Доскорешниот пратеник и претседател на Сојузот на Ромите Амди Бајрам на сред пандемија на вирусот Ковид-19 сепак направи свадба за својата внука но не во Македонија туку во Турција.

Тој ја искористи моменталната законска регулатива која не забранува патување во Турција ниту пак е потребно обезбедување на било каков здравствен документ како потврда дека неговото семејство и гостите на свадбата се негативни на коровнавирусот. Тој за интернет изданието на неделникот „Фокус“ потврди дека свадбената веселба се одржала на брод во Истанбул на која присуствувле 600 гости од кои 370 се од Македонија. 

„Најважно е тоа што има свадба, а во исто време не ги прекршивме законите во земјава. Свадбата беше планирана долго но поради рестрикциите неколку пати беше одложувана. Мораме да ги почитуваме препораките на власта. Во никој случај не сакаме да биде загрозено нечие здравје.“ - изјави Амди Бајрам.

Иако во јавноста синот на Бајрам објави видеа од свадбата сепак неколку часа потоа снимките беа избришани од социјалните мрежи. 

Здравствените власти велат дека ако кој било државјанин на Република Македонија е заразен со вирусот тогаш тој не може да ја напушти државата а по враќањето нема законска можност на било кој начин да бидат санкционирани доколку со себе го донесат коронавирусот во земјава. 

„Нема законска можност за санкционирање на македонските државјани кои што се враќаат од патување во Турција затоа што во оваа земја е дозволено да се патува без никакви ограничувања а не постојат ниту ограничувања и контроли по враќањето од Турција за нашите државјани. Епидемиолошка слика или тестирање може да им биде направено само ако истите пројават симптоми на Ковид-19.“ - вели Шабан Мемети директор на Институтот за јавно здравје.

Од прогласувањето на пандемијата на коронавирусот а со одлука на Владата забрането е организирање на прослави како што се свадби, родендени, кршетвки, слави како и големи семејни собирања.

0 Коментари

Остави коментари