Амди Бајрам бил позитивен на ковид-19
Foto

Амди Бајрам бил позитивен на ковид-19

Министерството за здравство информира дека откако кај починатиот Амди Бајрам постмортем е утврдено дека истиот бил позитивен на ковид-19, Центарот за јавно здравје-Скопје ги презема сите мерки за заштита и  спречување на понатамошно ширење на инфекцијата во и вон неговото семејство и сите оние кои во изминатиот период имале интензивни и блиски контакти со починатиот.

Од страна на ЦЈЗ Скопје, согласно редовната постапка во вакви случаи, итно ќе биде спроведена епидемиолошка анкета со најблиското семејство на починатиот со цел точна и детална идентификација на контактите во изминатите денови.

Со анкетата, ќе биде направена евалуација на степенот на ризик и ќе биде дадена препорака за тестирање, односно самоизолација за неговите контакти. Согласно анкетата, Државниот санитарен и здравствен инспекторат веднаш ќе издаде решенија за изолација за лицата за кои таа ќе биде одредена.

Министертството за здравство изразува сочувтсво до семејството и апелира, во интерес на заштита на нивното здравје, во целост да соработуваат со надлежните служби. Дополнително, да се избегнат сите погребни ритуали, а погребот да се спроведе согласно протоколите, како превенција од понатамошно ширење на инфекцијата од ковид-19.

Амди Бајрам бил донесен во приватна болница во веќе егзитирана сос

0 Коментари

Остави коментари