Амандманска расправа за намалување на ддв-то за струјата
Foto

Амандманска расправа за намалување на ддв-то за струјата

Комисијата за финансирање и буџет  ја продолжува  седницата  по предлог законот за изменување и дополнување на законот за данокот на додадена вредност, по скратена постапка, во второ читање.

Со измените се предлага намалување на ддв-то за електрична енергија од 18 на 5 проценти.

Пратениците расправаа по првиот амандман поднесен од ВМРО-ДПМНЕ со кој се бара стапката на данокот на додадена вредност за електрична енергија од пет проценти да важи не само за домаќинствата, туку и за компаниите и за индустријата.

0 Коментари

Остави коментари