Амабасада на САД: Приоритет е да се постигне договор за нова влада
Foto

Амабасада на САД: Приоритет е да се постигне договор за нова влада

САД се заинтересирани Северна Македонија што е можно поскоро да има нова влада, ова се вели во изјавата од американската амбасада за агенцијата ИНА.

Во неа се потенцира дека приоритет за земјата е да се постигне договор за нова влада, кој ќе се фокусира на решавање на важни прашања за земјата.

„Со оглед на состојбата со ковид-19, но и со останатите важни прашања со кои се соочува земјата, приоритет е да се постигне договор за нова влада која ќе биде во состојба да одговори на овие проблеми. Од наша гледна точка, како нато сојузници, се надеваме дека земјата ќе го искористи позитивниот интензитет стекнат со членството во алијансата и ќе се движи напред кон членство во еу. Спроведувањето на потребните реформи и решавање на прашањата поврзани со владеењето на правото и корупцијата, вклучително и со културата на неказнивост, ќе биде клучно во овој процес. Најважно е да не се изгуби чекорот“,изјавиле  од амбасадата на САД за агенцијата ИНА.

0 Коментари

Остави коментари