Алтернатива му ја честита победата на Пендаровски
Foto

Алтернатива му ја честита победата на Пендаровски

Политичката партија Алтернатива му ја честита победата на Стево Пендаровски, а изборите ги оцени како коректни, со што, како што истакнуваат, е загарантиран евро-атлантскиот пат.

-Како во првиот, така и во вториот круг, изборите беа коректни, праведни и не се забележани инциденти, кои можеа да му наштетат на кредибилноста на изборниот процес. На овој начин државата го положи испитот на демократската зрелост, а овој процес беше еден вид потврда дека оваа влада има капацитети да организира праведни и уредни избори, се посочува во соопштението на Алтернатива.

Од партијата истакнуваат дека овие избори потврдиле дека мнозинството граѓани се за западните вредности и за евро-атлантската интеграција на земјата. За победата на Пендаровски велат дека е најдобар показател дека Албанците во Северна Македонија се елементот кој ја одредува стратешката иднина на земјата.

 

0 Коментари

Остави коментари