Алманах за охридските рибари
Foto

Алманах за охридските рибари

Убави емоции предизвика кај охриѓани изработениот Рибарски алманах во дигитална форма со колекција од 150 рибари од охридскиот крај.Нивните потомци велат горди се што нивните дедовци инаку познати рибари од минатиот век на еден начин добија заслужено признание.

Алманахот открива интересни детали. Рибарите во тоа време, риболовеле во точно определено време, егзистирале но и го чувале рибниот фонд на Охридското езеро.Биле регистрирани во посебен регистар, а можел да лови само оној кој поседува дозвола или легитимација за риболов.Ловеле во тајфи во познатите охридски чунови. Ја изловувале најмногу пастрмката и плашицата но никогаш не дозволиле да биде како сега доведен во прашање нејзиниот опстанок.

Во првата дигитална верзија на Алманахот се објавени имињата на 150 од вкупно 480 рибари. Продолжението според најавите на Историскиот архив ќе биде објавено на следниот ден на рибарите. Алманах ќе добијат и струшките рибари.

0 Коментари

Остави коментари