Алими: Богоевски предвреме го стави имунитетот на гласање
Foto

Алими: Богоевски предвреме го стави имунитетот на гласање

Координаторот на пратеничката група на ДУИ, Ејуп Аљими тврди дека синоќа околу 21 часот тргнал возач да ја земе пратеничката Мирсада Асани – Емини од чегране да гласа место колегата на кој му се слошило, но се вратил, зашто претседателот на комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања Павле Богоевски ја прекинал седницата.

Аљими тврди дека било договорено комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања за симнувањето на имунитетот на осомничениот пратеник Трајко Вељаноски да гласа во 23 часот. Но, место така, Богоевски предлогот за имунитетот го ставил на гласање во 21 часот и се изгласало 4:4, без членот од ДУИ, Агим Шаќири кому во 19 часот му се качил притисокот и останал во болница.

„Зошто предвреме се прекина работата на мандантно-имунитетната комисија синоќа? Синоќа околу 19:00, по дводневната работа во комисијата за судското барање да се одземе имунитетот на пратеникот Вељаноски, на пратеникот Агим Шаќири му се слоши и заврши во Клиничкиот центар во Скопје. Лекар му препиша терапија и му нареди да остане во болница вечерта. Го посетивме и синоќа и утринава. Соочувајќи се со оваа ситуација, околу 21:00 часот кога требаше да продолжи седницата по паузата, ја побаравме заменичката на Агим, пратеничката Мирсада Емини-Асани од Гостивар за да го замени Агим. Испративме возач да ја земе нашата пратеничка и да ја донесе, но околу 21:30 часот, неочекувано и не според договореното, комисијата прекина со работа и ја стави одлуката на гласање без да ја почека нашата пратеничка која ќе пристигнеше околу 22:30 часот, додека рокот истекуваше на полноќ“, напиша утринава Аљими.

 

0 Коментари

Остави коментари