Ален Прост се вработи во Рено
Foto

Ален Прост се вработи во Рено

Легендарниот Ален Прост доби функција во тимот на Рено, во Формла 1. Од денеска тој ја држи функцијата неизвршен директор во тимот.

Прост помагаше во Рено почнувајќи во 2015 година, кога францускиот произведувач го купи поранешниот тим Лотус. Беше своевиден советник, а сега ќе преземе нешто поголема одговорност. Позицијата неизвршен директор е всушност онаа која ја вршеше неодамна починатиот Ники Лауда во Мерцедес.

Прост доаѓа на местото на Тјери Болор, кој ја напушти управата на Рено, за да се пресели во одделот за патнички автомобили на Рено. Овој тим со децении има реноме на гигант во Формула 1, но годинава, по 11 трки се наога дури на шестото место меѓу конструкторите. Потегот со назначувањето на Прост е очаен обид да се смени нешто во тимот, од кој се очекува повеќе.

0 Коментари

Остави коментари