Алексис Ципрас бара од претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос распуштање на Парламентот
Foto

Алексис Ципрас бара од претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос распуштање на Парламентот

Грчкиот премиер Алексис Ципрас ќе побара распуштање на Парламентот и објавување предвремени парламентарни избори кои треба да се одржат на 7 јули.

Ваквата одлука на грчкиот премиер следи по поразот на владеачката СИРИЗА на изборите за Европскиот парламент и локалните избори во Грција каде загуби со речиси десет отсто разлика во однос на опозициската Нова демократија.

Неколку часа по средбата со Павлопулос која ќе се одржи попладневио во претседатеклскиот кабинерт, Ципрас ќе ја претстави и програмата на СИРИЗА за следните четири години. Како што наведуваат грчките медиуми таа ќе биде фокусирана на јакнење на средната класа која беше најмногу погодена во периодот на мерите за штедење а исто така се планира и зголемување на минималната плата.

Лидерот на опозицијата, Киријакос Мицотакис вели дека после сите лаги и измами кои ги доживеале, не сакам да има премиер кој ќе дојде на власт ветувајќи работи кои и самиот знае дека не може да ги исполни.

„Ципрас ќе оди кај претседателот да побара распуштање на парламентот. Не планираше такво нешто но резултатот од Европските избори го примораа на таков потег“. - изјави Мицотакис.

Од поранешниот коалициски партнер на СИРИЗА, Независни Грци, веќе порачаа дека не планираат да бидат дел од предвремените избори. Првиот човек на партијата, Панос Каменос вели дека многу јасно ја разбрале пораката од граѓаните откако на европските избори освоија само 0,8% од гласовите.

Според последните анкети, опозициската Нова демократија на Киријакос Мицотакис води со речиси 10 проценти пред Сириза.

0 Коментари

Остави коментари