Албон останува во Ред бул и во 2020 година
Foto

Албон останува во Ред бул и во 2020 година

Тимот на Ред бул обелодени дека Александер Албон е возачот кој ќе продолжи во нивното седиште и во следната, 2020 сезона, како партнер на Макс Ферстапен. Албон дојде во ред бул на половина од 2019, попрецизно по летната пауза, како замена за Пјер Гасли, од сестринскиот тим Торо росо и, очигледно, повеќе ги задоволи вкусовите на челните луѓе. „Алекс имаше многу добри резултати кога дојде во тимот уште на првата трка, во Белгија.

Очигледно е дека има многу добри возачки способбности и е конзистентен, што се гледа по неговите резултати. Со тоа докажа дека заслужи, барем, уште една година, како би го продолжил својот напредок“, изјави првиот човек на Ред бул, кристијан Хорнер,. Албон, пак, не го криеше задоволството што ќе има шанса и понатаму да се докажува во еден од најдобрите тимови во Ф1.

„Многу сум возбуден што ќе имам можност и следната сезона да возам во Ред бул, заедно со Макс. Благодарен сум на целиот тим што ми пружи поддршка и ми овозможи да остварувам добри резултати и во следната сезона, заедно со нив.“, изјави Тајланѓанецот.

Албон се префрли од Торо Росо во Ред бул почнувајќи од Белгија, менувајќи си го местото со Пјер Гасли. Оттогаш, на седум трки освои 68 поени, а Гаслки на 12-те дотогаш во Ред бул освои 61. Во меѓувреме го престигна на вкупната табела и сега е шести, со вкупно 84, седум повеќе од Гасли на осмото место.

Со ова, комплетирани се, речиси, сите тимови за сезоната 2020, со исклучок на Вилијамс. Таму сигурен е Џорџ Расел, само треба да се потврди дали Канаѓанецот Никола Латифи ќе го замени Роберт Кубица.

0 Коментари

Остави коментари