Албанскиот претседател го поздрави предлогот на Бугарија да се раздвојат Албанија и Македонија на патот кон ЕУ
Foto

Албанскиот претседател го поздрави предлогот на Бугарија да се раздвојат Албанија и Македонија на патот кон ЕУ

Албанскиот претседател илир мета го поздрави предлогот на бугарија да се раздвојат Албанија и Македонија на патот кон Европската унија. Албанија не успева да ги почне преговорите со Унијата пред сѐ поради ветото од Бугарија за Македонија и покрај тоа што земјата доби зелено светло од сите 27 земји-членки.

Минатата недела бугарскиот амбасадор во ЕУ, Румен Александров, изјави дека официјална софија нема да го укине ветото за Македонија, и дека Албанија треба да се раздвои и да се оценува независно.

Тој додаде и дека Бугарија дала неколку предлози за тоа како Македонија може да ја ублажи ситуацијата, вклучително и спроведување на договорот за пријателство потпишан меѓу двете земји.

0 Коментари

Остави коментари