Алармантна состојбата со Ковид 19 во Штип
Foto

Алармантна состојбата со Ковид 19 во Штип

Состојбата со коронавирусот во Штип ескалира. Бројката на активни случаи повторно отиде над 200. 

Откако излезе од конфекциите Ковид 19 почна да се шири меѓу студентите и средношколците опфатени со онлајн настава. Загрижува и податокот дека бројот на позитивни случаи се зголемува и кај пензионерите. Вирусот во изолација прати и нова група деца од градинката „Сончогледи“ од штипската населба Сењак, откако вирусот е потврден кај уште една  воспитувачка.  

Претходно во изолација од оваа градинка отидоа шест деца откако се утврди дека воспитувачка и негователка се носители на вирусот.  

Проблем станува и превозот на ученици на практична настава. Превозниците одбиваат да возат, но од општина Штип велат дека за тој проблем ќе се најде решение. Апели за почитување на мерките стигнуваат и од Кочани, што според бројките е прв по активни случаи во источниот регион. 

За жал порасна и бројот на починати од коронавирусот во штипската Клиничка болница. За само пет дена борбата со коронавирусот ја изгубија 7 пациенти од неколку градови на Истокот.

0 Коментари

Остави коментари