Актерот Диме Илиев е добитник на годинешната награда за животно дело „Петре Прличко“
Foto

Актерот Диме Илиев е добитник на годинешната награда за животно дело „Петре Прличко“

Македонскиот актер Диме Илиев ја доби наградата за животно дело „Петре Прличко“, која синоќа му беше врачена во Велес. Импозантната бројка од триста и седумдесет уметнички остварувања на Илиев, вредни за респект и почит, како и бројните награди што годинешниот лауреат ги добил, беа пресудни жири комисијата да ја донесе оваа одлука.

Видно возбуден, од неодамна пензионерот Диме Илиев пред преполната сала на велешкиот театар рече дека оваа награда му е посебно драга, оти е наречена по еден од најголемите македонски актери Петре Прличко, со кого немал прилика да игра во театар, но приватно добро го познавал.

Во чест на лауреатот Диме Илиев, веднаш по врачувањето на наградата, велешкиот театар ја изведе претставата „Слуга на двајца господари“. Актерската награда за животно дело Петре Прличко, која ја доделува општина Велес, е востановена во 2006 година, а се случува во рамките на одбележувањето на 9 Ноември, Денот на ослободувањето на градот.

0 Коментари

Остави коментари