Ако сметките за струја се повисоки од реалната потрошувачка, граѓаните да достават жалби до РКЕ
Foto

Ако сметките за струја се повисоки од реалната потрошувачка, граѓаните да достават жалби до РКЕ

Регулаторната комисија за енергетика ги известува потрошувачите дека можат да достават приговор до регулаторна доколку добиените сметки за електрична енергија отстапуваат од реалната потрошувачка.

Доколку потрошувачите добијат сметки во кои е фактурирана нереална потрошувачка на струја, тие може да поднесат претставка до Регулаторна.

Комисијата за жалби во ракмите на регулаторна ќе им даде приоритет на решавање - информираа од таму и посочија дека универзалниот снабдувач односно ЕВН Хоме не смее да ги исклучува од системот ранливите потрошувачи во месеците декември, јануари и февруари поради неплатени фактури.

0 Коментари

Остави коментари