АКО НЕ ЛОКАЛНАТА, ТОГАШ ЦЕНТРАЛНАТА ВЛАСТ ЌЕ ЈА УРИВА ДИВОГРАБАТА НА СОВЕТНИКОТ УСЕИНИ ВО ОХРИД
Foto

АКО НЕ ЛОКАЛНАТА, ТОГАШ ЦЕНТРАЛНАТА ВЛАСТ ЌЕ ЈА УРИВА ДИВОГРАБАТА НА СОВЕТНИКОТ УСЕИНИ ВО ОХРИД

Доколку советникот Нефи Усеини не ги отстрани дивоградбите кои што не можат да се легализираат државата ќе ги тргне бидејќи се загрозува статусот во УНЕСКО, а доколку локалната власт во Охрид не постапи по закон и не ги урне дивоградбите ќе бидат одземени ингеренциите на градоначалникот, како и на градоначалникот Рамиз Мерко за одредени постапки велат од Влада. Се огласија од Од општина Охрид – прифаќаат одземање на ингеренциите за уривање на доивоградбите.

„Општина Охрид ја оценува какоп озитивна изјавата на премиерот Зоран Заев, централната власт да ги преземе ингеренциитеза рушење на дивоизградените објекти во Охрид. Ние како локална самоуправа очекуваме дека заеднички со Владата ќе работиме на исполнување на сите прпеораки на УНЕСКо и остварување на позитивни резултативо целокупниот процес.“ - велат од општина Охрид.

Обидот на државата да инвестира во развој на туризмот може да биде нарушен доколку дивоградбите во Охрид го доведат регионот да влезе во листата на загрозени подрачја, и доколку до 1 феврари не бидат испочитувани препораките на Унеско, вели првиот човек на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски. Појаснува дека исто како и лани, и годинава се планирани околу 150 илајди евра буџетски пари за промоција на туризмот во 12 држави. Но последните случувања со Охридскиот регион долгорочно ќе пратат лош сигнал за земјава како туристичка дестинација.

Предлог-законот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион наместо да донесе решение за урбанистичкото дивеење во градот , според здружените граѓаниски организациии, отвора простор за штетни одлуки и понатамошно уништување на единственото УНЕСКО подрачје во земјата. Побараа од Министерството за култура, како предлагач на решението, да ја достави до парламентот предлог законска верзија која била презнтирана во Баку – кога се носеше одлката за Охрид.

Градоначалникот на Охрид неодмна рече дека новото законоско решение треба да биде логистика за градот да прогласи мораториум за градба , но останува делкатно прашањето како одлуката ќе помине во градскиот совет.

0 Коментари

Остави коментари