АХВ: ВМРО-ДПМНЕ со денови, во стилот на шпанска серија без крај, ја дезинформира јавноста
Foto

АХВ: ВМРО-ДПМНЕ со денови, во стилот на шпанска серија без крај, ја дезинформира јавноста

ВМРО-ДПМНЕ со денови, во стилот на шпанска серија без крај, ја дезинформира јавноста и пласира невистини во однос на болеста антракс. Вакцинацијата против оваа болест која се спроведува секоја година е веќе реализирана од страна на некои ветеринарни друштва, а добитокот во 22 дистрикта не е оставен невакциниран, реагира АХВ на прес-конференцијата на Цветан Трипуновски.

АХВ ги отрфли како неосновани обвинувањата на трипуновски кој рече дека четири месеци немало вакцинација за антракс па 22-те подрачја низ земјата каде болеста е детектирана, останале без превентива.

Не постои законски дефиниран рок во рамки на една календарска година за спроведување вакцинација против антракс од страна на ветеринарните друштва со кои Агенцијата за храна и ветеринарство има склучено договори за спроведување на годишната наредба за здравствена заштита на животните. тоа е работа на договор меѓу нив и сточарите, а ова треба да го знае вмро-дпмне која со Агенцијата за храна и ветеринарство раководеше цели 11 години, наведува АХВ.

 

0 Коментари

Остави коментари