АХВ спроведе инспекциска контрола кај двајца увозници на кремови и бази за сладоледи од Струга и Струмица
Foto

АХВ спроведе инспекциска контрола кај двајца увозници на кремови и бази за сладоледи од Струга и Струмица

Како контакт точка на Системот за брзо предупредување за храна и храна за исхрана на животни (РАССФ) на Европската унија, Агенцијата за храна и ветеринарство постапи по добиената нотификација со број 2021.3720 за увоз на небезбедни производи во земјава и спроведе инспекциска контрола кај двајца увозници на кремови за готвење и бази за сладоледи од Струга и Струмица.

При инспекциската контрола кај опереатиорот со храна Гајрет ДООЕЛ од село Лабуништа, утврдено е дека увезениот производ од Италија, (крем за готвење) BRAVO CREAM CUSIMA MK L 0,2X24, со лот број 21089, посочен во РАССФ нотификацијата, не е безбеден за консумација поради утврдено присуство на етилен оксид. Во магацинот на увозникот затекната е количина од 1 440 парчиња од овој производ со лот 21169 со рок на употреба 13.06.2022 година, а не е пронајден истиот производ со лот број 21089 наведен во нотификацијата. На овој оператор со храна наложено му е да изврши отповикување/повлекување од пазарот на посочените производи.

До потрошувачите апелираме доколку го набавиле небезбедниот производ со наведениот сериски број/лот и рок на употреба, истиот да не го консумираат, односно да го вратат од таму од каде што го купиле или нештетно да го отстранат.

0 Коментари

Остави коментари