АХВ: Нема заразени луѓе од антракс, поради африканската чума стопиран увозот на месо од Србија
Foto

АХВ: Нема заразени луѓе од антракс, поради африканската чума стопиран увозот на месо од Србија

Нов случај на заболено животно од антракс во државата нема, нема заболени ниту луѓе, а болеста антракс кај животните не е сензација ниту новост, таа постои во земјава со децении. Ова го истакна директорот на Агенција за храна и ветеринарство Зоран Атанасов кој апелираше да не се шири паника и страв кај граѓаните. Во селото Долно Строгомиште, општина Зајас, вкупно девет мрши од овци се уништени, спалени, а кај уште четири угинати овци се уште се вршат анализи за потврда на болеста, велат од Агенцијата. 

Од ВМРО-ДПМНЕ ја обвинија власта дека две недели криеле дека во земјава има антракас и и дека стручни тимови на Факултетот за ветеринарна медицина и Агенцијата несериозно ја третирале угинатата овца.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство пак тврдат дека за последниот случај на антракс навремено биле преземени сите мерки. И од Ветеринарниот факултет потрвдија дека нема заболени меѓу нивните вработени.

Во меѓувреме, Агенцијата за храна и ветреинарство донесе и решение за забрана за увоз и транзит на домашни и диви свињи, семе, јајца од ембриони од свињи од Србија, откако официјално е потврдено присуство на болеста африканска чума во реоните Белград и Смедерево.

„Од петокот на сила е и донесеното решение за задолжително лабораториско испитување на присуство на вирусот на африканска свинска чума на секоја увозна пратка од свинско месо, производи и преработки од свинско месо, мешовити производи кои содржат свинско месо.“

Со годишната наредба за здравствена заштита за 2019 година и а со децении наназад во 22 населени места каде што е можно присуство на оваа заразна болест се спроведува вакцинација на добитокот. Антраксот е бактерија која се пренесува преку спорите кои се многу отпорни и во почвата може да преживеат долго време.

0 Коментари

Остави коментари