Акција на косовските специјалци – апсења поврзани со убиството на Оливер Ивановиќ
Foto

Акција на косовските специјалци – апсења поврзани со убиството на Оливер Ивановиќ

Над 100 припадници и десетина оклопни возила на специјалните косовски единици упаднале во северниот дел на Митровица и уапсиле 2 лица поврзани со убиството на српскиот политичар Оливер Ивановиќ.

Еден од уапсените лица е Раде Бесара, полициски истражител од Косово а другиот е Василије Бојиќ кај кој било пронајдено оружје и муниција. Се трага и по уште еден осомничен полицаец.

„Оваа полициска акција е извршена врз основа на налогот за претрес кој го издаде основниот суд, специјалниот оддел, а кој резултираше со апсење на осомничен полицаец вклучен во налогот за претрес“, се наведува во соопштението.

Директорот на Канцеларијата на српската влада за Косово и Метохија Марко Ѓуриќ вели дека целта на акцијата е протерување на Србите од Косово.

„Целта е јасна – заплашување и бркање на Србите. Ова е уште еден во низата обиди да им се направи животот на Косово невозможен на Србите, да го криминализираат северот, да се криминализираат Србите, да се обвинат за најголемите и најстрашните злосторства, но и Србите да се обвинат за убиството на Оливер Ивановиќ“. - изјави Марко Ѓуриќ.

Тој истакна дека упадот на специјалние единици е директно играње со мирот во јужната српска покраина бидејќи, како што кажа, знае дека припадници на специјалните единици се поранешни припадници на УЧК.

Инаку Оливер Ивановиќ беше еден од лидерите на косовските Срби и беше убиен на 16 јануари 2018 година во Северна Митровица, недалеку од неговиот дом, пред седиштето на неговата партија – Граѓанска иницијатива Србија.

0 Коментари

Остави коментари