Академик Фити за 24 Тренд анализа: МАНУ придонесе да се склучи договорот со Бугарија
Foto

Академик Фити за 24 Тренд анализа: МАНУ придонесе да се склучи договорот со Бугарија

Академикот Таки Фити во гостувањето во 24 Тренд анализа се осврна на бриселското „не“ и на „нон пејперот“што го испрати официјален Париз. Според него, се уште не се знае реакцијата на другите земји членки и дека Македонија платила политичка цена, со промената на името, а за возврат добила одложување на преговорите од ЕУ.

„Залогот беше многу голем, ние го сменивме името. Не успеав да го прочитам нон пејперот, но од она што го слушам, условите се заоструваат и дел од принципите што сега се промовираат, постоеле и порано и секогаш имаше проблемите со земјите шпто пристапуваат. Типичен пример е Бугарија, ги засили институциите.“  рече академик Фити.

Тој потсети и на преговорите од минатото кога името беше пречка за преговорите и дека и Бугарија може да не блокирана поради нерешени прашања. ЕУ инсистира да не може да влезат земјите кои имаат билатерални проблеми кои може да се одразат и во ЕУ. Заради тоа, Македонија морало да ја плати таквата цена и влоила многу за добивањето на датумот.

Во однсо на МАНУ, академик Фити потенцираше дека МАНУ не го одмолче ова, туку имал јасен став кон Преспанскиот договор и за договорот со Бугарија и потребата на јазиците.

„Тешко доаѓаат информациите од МАНУ до јавноста. Ние допревме до јавноста преку нашите научни трудови, конференции за анализа и елаборација на договорите со Грција и Бугарија, за предностите од нашиот јасен курс да се движиме кон европскиот курс.“  рече акадамик Фити.

Последниот став на МАНУ за договорот со Бугарија, тој истакна дека МАНУ придонесе да се склучи тој договор и во рамките на тој став ја интензивирале соработката со бугарската академија на науките и воспоставиле одлични односи со нивните академици. Во рамки на тоа, тие немаат и проблем со јазикот. Според него, бугарските академици придонеле и да се реши проблемот со јазикот.

0 Коментари

Остави коментари