Агенцијата за лекови треба да ги соопшти резултатите од истрагата за скандалот погрешни декларации на вакцините
Foto

Агенцијата за лекови треба да ги соопшти резултатите од истрагата за скандалот погрешни декларации на вакцините

Агенцијата за лекови денеска треба да ги соопшти резултатите од истрагата за скандалот со лепењето на погрешни декларации на МРП вакцините. Здравствените власти денеска ќе се сретнат со претставници на фирмата од Белгија која ги произведува вакцините. Од фирмата производител за тв 24 велат дека се запознаени со пропустот направен од македонскиот увозник и дека го истражуваат случајот.

Од фирмата тврдат дека сите вакцини кои биле предадени на Македонија лек биле со исправен рок на траење во согласност со сите европски регулативи и стандарди. Од фирмата додаваат дека соработуваат со македоснките власти и македонија лек и веднаш штом ќе добијат резултати од истражувањата ќе излезат со соопштение до јавноста.

Како што веќе објави тв24 инспекторите на Малмед во текот на контролите пронашле над 400 вакцини со погрешни декларации.Министерот за образование Aрбен Aдеми вели дека проблемот со морбилите може да го одложи стартот на второто полугодие, но засега нема таква одлука.

 

0 Коментари

Остави коментари