АФПЗРР: Обештетувањето на лозарите е законско
Foto

АФПЗРР: Обештетувањето на лозарите е законско

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој вели дека обештетувањето на лозарите е законско и врз основа на одобрени средства од буџет на агенцијата за 2019 – та година.

На 4 февруари 2019 година, собранието ги усвои измените на законот за земјоделство и рурален развој, со што се исполни и правниот основ за државата да ги обештети лозарите. На 7 февруари, на вонредна седница, владата ја донесе предлог одлуката за утврдување на обештетувањето како мерка за исплата за продадено винско грозје. Овие одлуки се донесени пред распишувањето на претседателските избори.“ - се наведува во реакцијата.

Од Агенцијата велат и дека со исплатата не се покриваат долговите на приватните фирми кон лозарите, туку таа претставува субвенција од страна на државата.

0 Коментари

Остави коментари