Афера
Foto

Афера

Интригантна серија "Аферата" ги истражува емоционалните последици што ги оставаат вонбрачните односи на Ноa Соловеј и Алисон Локарт, откако се запознаваат во одморалиштето Монток во Лонг Ајленд. Ноа е учител во Њујорк и поранешен студент на колеџот Вилијамс, кој објавил една и се обидува да ја напише втората книга. Тој е среќно оженет и има четири деца, но е незадоволен од фактот дека зависи од богатството на неговиот свекор. Алисон е млада келнерка која се обидува да си го среди животот и бракот по ненадејната загуба на детето. Ноа Соловеј бега од град и доаѓа на ранч, сопственост на роднините на неговата жена во Лонг Ајленд. Со него е сопругата Хелен и четирите деца. Во исто време, локалната келнерка Алисон Локарт се обидува да го реши несогласувањето со нејзиниот сопруг, Кол, со цел да го продолжи својот живот по неодамнешната трагедија. Ноа и Алисон се запознаваат и се зближуваат. Но, во еден рурален крајбрежен град, невозможно е да се избегне некого кого го посакувате.

Foto

0 Коментари

Остави коментари