АЕК си го зголемила буџетот за плати за 20 %
Foto

АЕК си го зголемила буџетот за плати за 20 %

Агенцијата за електронски комуникации донела одлука годинава да ја зголеми ставката за плати за цели 20 насто. Дали ова ќе повлече повисоки плати за вработените, кои и сега се енормно високи или пак Агенцијата планира нови вработувања. Од Агенцијата нема прецизен одговор. Велат дека со зголемените пари ќе се плаќа ангажманот на вработените, но ќе се покрива и потребата од нови вработувања. Просечната плата во регулаторното тело изнесува 58.000 денари, а со покачувањето од 20 насто во просек секој вработен би добил дополнителни 10.000 денари и просечната плата ќе се искачи на фантастични 1.100 евра. Со ваквата пресметка вработените во Агенцијата ќе имаа плати повисоки од министерите во Владата. Од невладината Евротинк, која ја следи работата на АЕК се зачудени од високите суми. 

„Ние во минатите извештји потенциравме за големите плати кои ги земаат вработените во АЕК Доколку во 2013 имаа 130 вработени просечната нето плата беше околу 57 000 денари, а на веб страната видов дека се 133 вработени и ќе имаат зголемување за околу 10 000 денари  на веќе постоечките плати што значи дека еден вработен во просек ќе зема 68 000 денари.“ - вели Горан Лазаров од Евротинк. 

Иако Телевизија 24 побара прецизно објаснување од АЕК велат дека ставката за плати е направена согласно систематизацијата и правилникот за плати. 

„Во пресметката вкалкулирани се ефектите од  ангажираност  на работниците во секторите во кои ја извршуваат својата работна задача. Исто така предвиден е персонален данок на доход, придонес за ПИО, здравство, вработување, како и потреба од нови вработувања.“ 

Покрај високите плати, вработените во Агенцијата редовно зимаат и К- 15 од 15 илјади денари. АЕК се финансира со сретства од телекомуникациските оператори, кои пак реално ги плаќаат граѓаните. 

„Кога се правеа тие регулаторни тела и една од идеите за малку поголеми плати беше токму таа независност, која треба да ја имаат од централната власт за да бидат вистински регулатори и очекувано е да имаат малку повисоки плати од другите административци. Трендот на раст на плаите во АЕК продолжува, не знаеме до кога ќе биде така зошто станува збор за реално менаџерски плати кои таму се како просечни плати.“ - вели Горан Лазаров од Евротинк. 

Директор на Агенцијата е Сашо Димитријоски. АЕК со години донираше пари за проектите од Скопје 2014, што ги осмисли претходната власт.

0 Коментари

Остави коментари