АДМИНИСТРАЦИЈАТА ЌЕ ГО ЧИСТИ СКОПЈЕ – УТВРДЕНИ ЛОАКЦИИТЕ, ЗА МЕТЛА ЌЕ СЕ ФАТАТ И ФУНЦИОНЕРИТЕ
Foto

АДМИНИСТРАЦИЈАТА ЌЕ ГО ЧИСТИ СКОПЈЕ – УТВРДЕНИ ЛОАКЦИИТЕ, ЗА МЕТЛА ЌЕ СЕ ФАТАТ И ФУНЦИОНЕРИТЕ

Прв за вреќата за ѓубре денес се фати првиот административец, Дамјан Манчевски , додека во сабота на најмасовната еколошка акција се очекува на генералното предновогодишно чистење хигиенски ракавици да стават и останатите државници подигајќи ја на тој начин еколошката свест кај граѓаните.

40.000 административци, своите топли и удобни канцелариии во сабота на пладне, ќе ги заменат со студените и валкани улици, распоредени на 20 локациии низ градот каде што состојбата е најзагрижувачка а сликата не е ни малку пријатна за гледање.

За граѓаните проблемот со отпадот низ градот лежи во немањето култура и несоодветни казнени мерки, само шамарот по џепот може да помогне во промената на состојбата, а пак администрацијата според граѓаните треба да ја врши работата за која е платена и ангажирана, а не да чисти улици.

Големата еколошка акција која започнува во сабота точно напладне и на која ќе учествуваат државните службеници се очекува да стане традиционална, барем се до оној момент, кога ќе се промени свеста и ѓубрето ќе заврши онаму каде што му е место, во кантите за отпадоци.

0 Коментари

Остави коментари