872 казни за брзо возење за само еден ден во Македонија
Foto

872 казни за брзо возење за само еден ден во Македонија

Во текот на вчерашниот ден Мобилната единица за безбедност во сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената на територијата на целата држава, при што санкционирани се 872 прекршоци. 

Од нив, 108 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 30 возила се движеле со брзина над 70 километри на час повеќе од дозволеното.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, информираат од МВР.

Foto

0 Коментари

Остави коментари