60 респиратори, со вредност од 1.4 милиони евра пристигнаа во земјава, како донација од НАТО
Foto

60 респиратори, со вредност од 1.4 милиони евра пристигнаа во земјава, како донација од НАТО

По денешната донација на 60 респиратори од Доверителниот фонд на НАТО, на македонските здравствени власти на располагање им се вкупно 196 респираторни машини. Според податоците на министерството за здравство, сега само две се користат во лечењето на пациенти заразени со корона вирус. 

Министерот за здравство Венко Филипче на приемот на донацијата изјави дека станува збор за уреди кои се користат за транспорт на пациентите во амбулантните возила од една болница во друга а за да се користат респираторите повеќе отколку до сега потребно е да се има точна индикација кај секој пациент во текот на едно деноноќие. 

На новинарско прашање дали има доволно стручни луѓе кои знаат да работат со овие машини тој нагласи дека има кадар кој што има огромно искуство во работата.

На денешниот прием на донацијата на скопскиот меѓународен аеродром присуствуваа и министерката за одбрана Радмила Шекеринска, како и министерот за надворешни работи Бујар Османи. И двајцата министри се согласија дека оваа донација е симбол на солидарноста и показател зошто е важно членството на Македонија во НАТО.

0 Коментари

Остави коментари