530 нови случаи на Ковид 19, починати се 26 лицa
Foto

530 нови случаи на Ковид 19, починати се 26 лицa

 Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1999 тестирања, а регистрирани се 530 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-229, Куманово-37, Штип-10, Прилеп-37, Тетово-5, Струга-13, Велес-14, Битола-24, Охрид-28, Кавадарци-32, Гостивар-13, Гевгелија-9, Струмица-18, Крива Паланка-7, Радовиш-4 Крушево-1, Кочани-5, Демир Хисар-1, Пехчево-8,  Берово-2, Валандово-3, Виница-2, Кратово-3, Свети Николе-1, Кичево-4, Ресен-8, Неготино-12.  

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 538 оздравени пациенти од: Скопје-259, Куманово-24, Дебар-11, Штип-14, Прилеп-25,  Тетово-32, Велес-17, Битола-19, Кавадарци-21, Гостивар-18, Гевгелија-11, Струмица-15, Крива Паланка-6, Радовиш-8, Кочани-6, Пробиштип-2, Демир Хисар-2, Македонски Брод-3, Пехчево-2, Берово-5, Валандово-3, Виница-2, Кратово-1, Свети Николе-8, Кичево-7, Ресен-2 и Неготино-15.

Починати се 26 лица, седум пациенти од Скопје (79, 75, 68, 78, 70, 84 и 83г), еден од Куманово (69г), четири од Прилеп (68, 88, 50 и 71г), еден од Тетово (53г), три од Струга (56, 84 и 81г), двајца пациенти од Битола (62 и 74г), тројца од Охрид (66, 65 и 79г), двајца од Гостивар (68 и 82г), двајца од Струмица (74 и 62г) и еден пациент од Делчево (56г). Пациентите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 81425, бројката на оздравени пациенти е 58720, на починати е 2427, а бројот на активни случаи изнесува 20278. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 35148, активни 11519

• Куманово 4642, активни 578

• Дебар 605, активни 118

• Штип 3250, активни 313

• Прилеп 4114, активни 649

• Тетово 4691, активни 905

• Струга 1985, активни 357

• Велес 2694, активни 526

• Битола 2971, активни 627

• Охрид 2350, активни 599

• Кавадарци 2042, активни 583

• Гостивар 3336, активни 612

• Гевгелија 1121, активни 299 (75 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 189 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 2255, активни 636

• Крива Паланка 597, активни 119

• Радовиш 602, активни 124

• Крушево 161, активни 71

• Кочани 1574, активни 252

• Пробиштип 440, активни 47

• Демир Хисар 232, активни 39

• Македонски Брод 210, активни 27

• Пехчево 145, активни 26

• Берово 487, активни 51

• Валандово 299, активни 67

• Виница 440, активни 67

• Делчево 662, активни 205 (182 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 192, активни 24

• Свети Николе 1031, активни 121

• Кичево 1549, активни 254

• Ресен 625, активни 140

• Неготино 975, активни 326 (153 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1999 теста се преку: ИЈЗ-465, ЦЈЗ Скопје-85,  Авицена-160, Биотек-175, МАНУ -149,  Жан Митрев (Филип Втори)-93, Систина со PCR метода -125, лабораторија Лаор –58, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-55, Инфективна клиника-6, ГАК-0, Синлаб-20, Ремедика-36, лабораторија болница Козле-18, ЈЗУ (рапид тест) -553, УК Пулмологија со алергологија –1, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 392.376 тестирања на Ковид -19.

0 Коментари

Остави коментари