450 деца од градинките се во изолација
Foto

450 деца од градинките се во изолација

Со 450 деца и 77 вработени во самоизолација, коронавирусот станува се  потешко да се контролира во градинките. Само во последнава недела 40 вработени и 9 деца се покажало дека се позитивни на КОВИД-19.

Родителите загрижени, ширењето на вирусот помеѓу децата во градинка не може да се следи, но поради работните обврски нема кој да ги чува, па градинките остануваат единствен избор.

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска пак, вели дека има инспекциски служби кои ги посетуваат градинките и секојдневно ја следат состојбата.

Но, не по секоја цена ќе работат градинките. Планот за како ќе се одвива нивната работа ќе бидат условено од епидемиолошката состојба во државата и така ќе се носат понатамошните одлуки- вели Шахпаска.

Позитивните деца инфекцијата ја носат од дома, додека пак воспитувачите и негувателите вирусот го пренесуваат преку меѓусебен контакт, но затоа Државниот здравствен и санитарен инспекторат прави постојани надзори во делот на спроведување на предвидените мерки и  протоколи за работа.

Шахпаска уште еднаш апелираше дека состојбата во градинките сепак е стабилна и под контрола, а позитивните деца и вработени коронавирусот го поминуваат со лесна клиничка слика и миминални симптоми.

0 Коментари

Остави коментари