45 години вкупна затворска казна за македонските џихадисти кои признаа вина
Foto

45 години вкупна затворска казна за македонските џихадисти кои признаа вина

Вкупно 45 години затвор за седумтемина македонски државјани кои војуваа на страната на озлогласената ИСИС во Сирија и Ирак , а во август беа вратени во Македонија. Признаа вина и се покајаа што биле дел од терористичката организација. Процесот заврши во две рочишта, без детали за патот до воената зона.

6 години затвор за :

  1. Ељмдин Османи

  2. Амин Џенгис

  3. Орхан Жупани

  4. Бујамин Фетоф

  5. Ибрахим Шабани

  6. Алмир Митровски

9 години затвор за Сафет Рамадани.

- „Изјавија дека се виновни, дека се каат, замолија за поблаги казни и ветија дека нема да го повторат делото.“ - изјави Џенета Бектовиќ судијка.

Петмина од обвинетите претходно беа барани со меѓународна потерница како дел од антитерористичките акции Келија 1 и 2. Пред повеќе од половина година беа предадени на македонската полиција, но иако признаа вина одбраната реагира дека за тоа обвинителството не приложило докази.

Шестмина се осудени за учество во странска војска , паравоени, параполициски формации, а еден доби казна од 9 години затвор, бидејќи бил и припадник на организацијата на Исламска држава. Кога беа спроведени на македонскиот аеродром овие лица, Пентагон ја поздрави таа одлука, бидејќи земјава е меѓу првите кои прифатија борци повратници. Британија тогаш не дозволи враќање на своите државјани борци и нивно судење поради недостаток на докази за сторените дела. Откако американскиот претседател Донал Трамп најави повлекување на американските сили од фронтот и ги повика европските сојузници да ги преземат назад борците повратници и да им судат во матичните земји, Франција и Германија ја одбија оваа идеја.

0 Коментари

Остави коментари