36% од граѓаните кои имаат пристап до интернет вршат онлајн нарачки
Foto

36% од граѓаните кои имаат пристап до интернет вршат онлајн нарачки

Триесет и шест проценти од македонските граѓани кои имаат пристап до интернет вршат онлајн нарачки.

Од почетокот на годината бројките покажуваат дека купувањето преку интрент е зголемено за 26 проценти во однос на лани, пришто граѓаните потрошиле 84 милиони евра во првото полугодие.

Експертите велат дека во земјава има голем потенцијал за развој и раст на е трговијата. Ова се дел од заклчоците на годишната конференција за е-трговија на Македонија. Проблем останува нелојалната конкуренција и во овој бизнис. Од владата велат дека се работи на акциски план за да се адресира и да се намали даночната евазија а со тоа да се помогне тие средства да одат кај регистрирани е-трговци.

0 Коментари

Остави коментари