31 годишен Велешанец загина во сообраќајна несреќа на автопатот Миладиновци - Штип
Foto

31 годишен Велешанец загина во сообраќајна несреќа на автопатот Миладиновци - Штип

31 годишен велешанец  загина во сообраќајна несреќа на автопатот Миладиновци - Штип. Според очевидците велешанецот на мотор возел во спротивен правец на автопатот и директно во близина на селото Криви дол се судрил со мерцедес  со штипски таблички. Во несреќата учествувале уште две возила - опел астра и ауди. Со полесни повреди во штипската клиничка болница завршиле возачот на мерцедесот, неговата сопатничка и две малолетни  деца. Ова е прва жртва на новиот автопат што официјално за сообраќај беше пуштен пред неколку денови.

0 Коментари

Остави коментари