30-годишник со церебрална парализа живее сам, без струја и никаква парична помош
Foto

30-годишник со церебрална парализа живее сам, без струја и никаква парична помош

Покрај неговата болест која му го отежнува животот, триесетгодишниот Стефан Ивановиќ, кој има церебрална парализа, води уште една битка, војува со неизвесноста и суровиот начин на преживување.

Темнината во неговиот дом дополнително му го комплицира животот, струјата му е исклучена поради неплатен долг од околу 4.000 евра. Несигурно и нестабилно се движи и низ животот, гладен преживива со околу 4.000 денари кои ги добива од Центарот за социјални работи, како туѓа нега. Од неодамна живее сам, неговата мајка која имала гангрена на прстите и била згрижена во Геријатрија, починала пред неколку недели. 

Тој ги моли институциите да му дадат еднократна помош и не губи надеж, верува во човечноста и добрите дела на луѓето дека ќе го извлечат од дното во кое што се наоѓа. Стефан задоцнил да ги обнови документите за туѓа помош и во вистинска смисла на зборот гладува, а здравствената состојба му се влошува

И соседите колку што можат му помагаат, но велат дека не можат да му ја дадат потребната поддршка.

Стефан кој боледува од церебрална парализа има спазми на долните екстремитети и отежнато одење, верува дека ќе се исправи пред сите предизвици што му ги носи животот. 

Вели дека во неговото срце со години тлее искра надеж дека ќе замине на операција во Русија со што неговото секојдневие ќе добие понаков тек, а животот поубава димензија. 

Во меѓувреме чека помош од институциите и верува дека хуманите дела на граѓаните ќе му помогнат да ги преброди овие тешки дениови за него. 

Од Центарот за социјални работи кои ги контактиравме велат дека се запознаени со случајот, но повеќе информации ќе добиеме во текот на наредната недела.

0 Коментари

Остави коментари