3 години од договорот за добрососедство: Бугарија молчи зa преговарачката рамка, но бара конкретен напредок од историската комисија со Македонија
Foto

3 години од договорот за добрососедство: Бугарија молчи зa преговарачката рамка, но бара конкретен напредок од историската комисија со Македонија

1-ви август 2017-та година. Три години подоцна по потпишувањето на Договорот за добрососедство, Бугарија молчи за преговарачката рамка, порачувајќи дека е време за Комисијата за историски прашања со аргументирани историски извори да започне со работа.  

Иако официјална Софија отворено се залага за влегување на Македонија во семејството на ЕУ, таа сепак става сопки на патот. Во моментот е блокирана работата на историчарите од двете земји, а главна пречка е прашањето за тоа чиј е Гоце Делчев.

Во пресрет на празникот Илинден, од бугарското Министерство за надворешни работи велат:

„Еден од најважните аспекти е дејноста на Современата мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања. Бугарија очекува обнова на работата на Комисијата во најскоро време и постигнување на реален напредок во работата на основа на објективното толкување, базирано на автентични докажани историски извори.“ 

Преку Фејсбук се огласи и потписникот, Бојко Борисов кој порача дека Договорот за добрососоедство е историски чекор во односите меѓу двете страни и симбол дека сме се научиле од грешките на минатото а двете земји се подготвени да работат за стабилен Балкан во иднина.

Честитка стигна и од Заев. И неговата преку Фејсбук:

„Овој успех стана инспирација и модел за соработка за регионот и пошироко, а македонскиот народ и сите граѓани на Северна Македонија ги потврдија своите најблиски сојузници на европскиот и прогресивниот пат кон подобра иднина“.

И додека Македонија чека усвојување на преговарачката рамка за прва меѓувладина конференција, македонско – бугарската Комисија засега не работи. Според последните брифинзи тие имаа онлајн-средба во јуни на која само ги потврдиле досегашните одлуки. Доколку сè оди во најдобар ред, првата средба треба да биде во септември. 

Во меѓувреме Македонија и Бугарија до крајот на годината како домаќини треба да го организираат Берлинскиот процес, кој овојпат треба да се случи во Софија.

0 Коментари

Остави коментари