27 април: Груевски му пишал на Вељаноски ден пред и на денот на упадот
Foto

27 април: Груевски му пишал на Вељаноски ден пред и на денот на упадот

Екс премиерот Никола Груевски и поранешниот собраниски спикер и претседател Трајко Вељановски знаеле за упадот во Собрание- покажаа  пораките од мобилниот телефон на Вељановски кои Обвинителството ги презентираше на денешното судење за „Крвавиот четврток.“

„Добро утро директоре. Да ве известам, во моментов добив информација од лојален Албанец дека се планира нешто за утре кај 12, да се направи инцидент или нешто слично“ - му пишал Чавков на Груевски преку вибер.

Истата порака Груевски му ја препратил на Вељановски. Според, обвинителката Вилма Русковска порака на релација Чавков-Груевски-Вељановски била испратена еден ден пред упадот во Собрание во 11 часот. Според пораките, Вељаноски комуницирал и со обвинетиот Горан Ѓошевски,  пратеникот Димитар Стевананџија но и други лица. Со Стевананџија преку вибер пред Крававиот четврток, се договараат како да спречат да се формира нова влада.

„Нема да има влада, со жив ѕид ќе спречиме ако треба.“ - вели Вељаноски.

На оваа смс порака Стевананџија му одговара.

„Тврдокорни, спремни и ратоборни, ама ни треба добра организација.“  - одговара Стеванџија.

Вељановски пораки му праќал и на  пратеникот Илија Димовски. Од  него барал да ја следи ситуацијата во собраниската сала  и доколку Талат Џафери биде изгласан за нов претседател на Собрание, да прати пратеници да го штитат неговиот кабинет. За упадот во Собрание, лани, обвинети се 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок, од нив 2ца за поттикнување. Груевски и Вељановски не се опфатени со обвинението. Претходно обвинителството најави проширување на листата на обвинети лица во овој предмет.
















0 Коментари

Остави коментари