25ти јануари – сеќавање на роденденот на Тоше Проески
Foto

25ти јануари – сеќавање на роденденот на Тоше Проески

25 ти јануари – 39 години од раѓањето на Тоше Проески, родното Крушево и цела Македонија се сеќава на него. По повод роденденот, организирани се повеќе манифестации на различни локации.Достоинствено, со повеќе настани, со почит пред гробното место на Гумење, со роденденска торта и многу емоции, Крушево и фановите од земјава и странство денеска го одбележаа 25 јануари, роденденот на големата македонска и балканска музичка ѕвезда и хуманистот Тоше Проески.

Тортата од семејството на Тоше и онаа од фановите од Бугарија од изутрината им се делеа на посетителите на вечното почивалиште на Тоше на Гумење.

0 Коментари

Остави коментари