250 компании ќе добијат 35 милиони евра државна помош
Foto

250 компании ќе добијат 35 милиони евра државна помош

Компаниите во наредните три дена да чекаат да ги добијат парите од државата. Вицепремиерот Анѓушев вели дека околку 250 компании кои аплицирале за државна помош за инвестиции и индустриски раст ќе добијат пари. Владата очекува овие средства да ја кренат економијата следната година, посебно во индустријата.

- „Заклучно со утре ќе бидат сите исплатени над 250 компании ќе бидат помогнати. Мерките ќе бидат распределени во три столба на исплата, а тоа ќе бидат директно за финансиска поддршка на инвестициите, како активни мерки за вработување и преку фондот за иновативност и технолошки развој за малите микро и средни претпријатија.“ - изјави Кочо Анѓушев, вицепремиер.

При презентирањето на планот за економски раст Владата најави дека одвоила 50 милиони евра, но сега Анѓушев изјави дека компаниите ќе добијат 35. Од неговиот кабинет дообјаснуваат дека останатите пари се насочени кон други програми кои треба да поттикнат економски развој, како инвестиции во инфраструктурата, ТИР зоните, туризмот. Најголем дел од средствата за компаниите, 17 милиони евра, одат преку Фондот за иновации, 9,2 милиони евра, е државната помош што беше проектирана за 100 компании кои летоска потпишаа договори со Владата. Останатите пари одат за странските инвеститори кои потпишаат договори со претходната Влада. Денес нови 65 компании потпишаа договори со Фондот за иновации.

 - „Компаниите кои се дел од вториот инвестициски бран имаат доставено изјави за сопственичка структура што ја воведовме како новина со протоколот за проценка на ризик. Сите овие компнаии имаат декларирано изјава која нема носител на јавна функција во сопственичката структура.“ - изјави Јован Деспотовски, диркетор на Фондот за иновации.

Работодавачите веќе се пожалија дека не ги добиваат парите што државата им ги вети за раст на платите во трудоинтензивните дејности. Министерката Царовска, пак тврди дека тие редовно се исплаќаат. До сега биле исплатени субвенции за околу 900 работници, а проекциите беа дека има следуваат на 50 илјади.

0 Коментари

Остави коментари