„25 мај – Ден на младоста“: Сеќавања и носталгија
Foto

„25 мај – Ден на младоста“: Сеќавања и носталгија

Денешниот ден, 25 мај, беше еден од празниците во поранешна Социјалистичка Федеративна Југославија – Денот на младоста на кој се славеше и роденденот на тогашниот доживотен претседател Јосип Броз Тито.

Се организираа слетови, како централни манифестации на празникот што го истакнуваше главно социјалистичкиот концепт на братство и единство. На завршниот слет, на стадионот на ЈНА во Белград, му претходеше предавање штафета, симболот на 25 мај, која беше носена илјадници километри од Гевгелија до Триглав, а во рацете на Тито ја предаваа видни спортисти и младинци со пригодни честитки со желби за долг живот и добро здравје.

Четворица Македонци ја имаа честа лично да му ја вра;ат штафетата на тогашниот претседател Тито. Пандемијата со Ковид 19 годинава спречи дел од почитувачите на делото на Тито да дојдат на неговиот гроб во Белград од поранешните ЈУ простори.

„Оваа година е нешто сосема поразлично, посетителите од регионот кои секоја година традиционално доаѓаат во голем број, нема да можат да дојдат. Но, секој 25 мај луѓето организираат прослави, сами се организираат.“ - вели Марија Ѓорговиќ.

Во куќата на цвеќето во Белград дојдоа некогашните Титови пиoнери.

„Овој ден побудува сеќавање на минатото, на слободата, на победата и на уживањето во социјалистичка Југославија, каде што работниците, младинците, пионерите, ја правеа суштината на развојот на државата и љубовта кон земјата и Тито“.

„Овој ден значи многу, сеќавање на младоста, на младите денови, добар живот во тоа време, од тогаш до сега многу се промени, нема такво дружење како некогаш, нема патувања, многу работи нема како тогаш“.

„Нашиот Тито додека беше жив не обедини, создаде држава, убаво се живееше, беше многу подобро“.

Идејата за овој настан се роди во Крагуевац во 1945 година. Младинската штафета која минуваше низ целата земја ја осмисли одделението за спорт и фискултура и во неа трчаа најуспешните младинци. Главниот слоган беше „Тито е наш, ние сме Титови“.

По смртта на Тито во 1980 година, Штафетата на младоста продолжи да се предава од рака на рака меѓу милиони луѓе, но под друга парола – „И по Тито Тито“ со заклетва на сите Југословени дека ќе истрааат на неговиот пат и ќе го негуваат „братството и единството“.

Последното носење на Штафетата беше организирано во 1987 година и траеше вкупно 42 години. Годинава немашe и масовна прослава во неговиот роден град Кумровец, а не се одржа и традиционалната прослава на Денот на младоста во Кочани.

0 Коментари

Остави коментари