24 сторија: Живот на шкрги - без документи, без вода, без струја, без лекови
Foto

24 сторија: Живот на шкрги - без документи, без вода, без струја, без лекови

Живее сама, во темница, без вода, зимото го преживела од топлото кафе кои и го вареле соседите и но и од нивните добрите дела. Габриела Христовска живее во населбата Топанско поле, според соседите нема ниту лична карта и е заборавена од институциите, немаат информации ниту дали ја наследила пензијата од нејзиниот починат сопруг, кој бил архитект. Ни се јавија да и помогнеме на оваа жена која околу дваесет години преживуваа во вакви услови.

Додека бевме во нејзиниот стан, Габриела се обидуваше да ни се заблагодари и да ни ја покаже нејзината гостољубивост, но нередот и хаосот и нејзиното однесување доволно говореа за серизноста на состојбата во која таа се наоѓа.

Соседите велат дека, Габриела била педатна и вредна жена,но здравствена состојба и се влошила кога нејзиниот сопруг кој работел како архитект во Бетон пред двесет години остнал без работа, тогаш и наследиле големи долгови. Тие и помогнале и да го погреба сопругот кој починал пред околу пет, шест години

За да добиие човечка демензија животот на оваа жена, се обидовме да ги информираме и да добиеме повеќе информации за неа од Инситуциите. Во Министерството за внатрешни работи ни огдоворија дека според податоците со кои расопагавме, нејзиното име и адрса на живеење, не можат да ја пронајдат во системот. Од центарот за социјални работи кои што ја запишаа нејзината адреса на живеење не рекоа дека во текот на денот или најдоцна до утре, социјалните работници ќе излезат на терен и ќе ја утврдат фактичката состојба на Габриела, која со години живее од грижата на нејизните соседи.

0 Коментари

Остави коментари