24 ГОДИНИ ПО ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА – ПОГРЕБАНИ ОСТАНКИТЕ НА 33 ЖРТВИ
Foto

24 ГОДИНИ ПО ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА – ПОГРЕБАНИ ОСТАНКИТЕ НА 33 ЖРТВИ

Денеска беа одбележани 24 години од влегувањето на силите на босанските Срби во Сребреница, бошњачка енклава која формално беше под заштита на Обединетите нации и во која беше извршен геноцид врз населението.

Меѓународниот суд во Хаг во 2007 донесе пресуда со која масакрот во сребреница се квалификува како чин на геноцид. Во Меморијалниот центар во Поточари се одржа завршната комеморација на жртвите од Сребреница во јули 1995 година. Членот на Претседателството на БиХ Шефик Џаферовиќ изјави дека негирањето на геноцидот во Сребреница е последната фаза од геноцидот.

„Негирањето на геноцидот и величање на злосторниците одговорни за геноцидот го сметаме за посебен облик на постхумно злосторство“. - изјави Шефик Џаферовиќ - Член на Претседателството на БиХ.

Според него, геноцидот се негира и покрај пресудите на Меѓународниот суд на правдата и Хашкиот Тибунал, додавајќи дека „српските политички и верски елити не сакаат да го прифатат овој факт, не сакаат да се соочат со вистината и јасно да се оградат од идеологијата која го креираше геноцидот. Претседателот на Меѓународниот резидуален механизам за кривични судови Кармел Аџиус изјави дека Сребреница не смее да се повтори.

„Ова не смее повторно да се случи, а оние кои не ги интересира страдањето на жртвите и семејствата, па и натаму го негираат она што Трибуналот го потврди, мора да престанат со тоа“. - изјави Кармел Аџиус - претседателот на Меѓународниот резидуален механизам за кривични судови.

Претседателката на здружението на мајки од Сребреница Када Хотиќ изјави дека оние кои направиле злосторство мораат тоа да го признаат.

„Очекувам од српскиот народ да се спаси и себеси и своето потомство от тежината на ова минато. Не сакам ниту еден народ да страда поради тоа, а виновниците нека одговараат“. - изјави Када Хотиќ – претседателка на здружение на мајки од Сребреница.

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан соопштија дека станува збор за еден од најмрачните моменти во модерната европска историја. Пратениците во српското собрание во рамките на седницата за пратенички прашања расправаа и околу тоа дали Србија треба да признае дека злосторството во Сребреница е геноцид.

0 Коментари

Остави коментари