24 анализа - Ги стави ли во фиока најавите за избори и враќање на мандатот Заев до септември?

Заев се враќа оптимист од Берлин - Премиерот тврди дека добил ветување дека во септември Бундестагот ќе даде зелено светло за преговори, со што на Европскиот Самит во октомври ќе има датум, а до крајот на годината и ќе ги отвори поглавјата. Наспроти оптимизмот на премиерот, кабинетот на германската канцеларка Меркел со штуро соопштение - кадешто воопшто не се споменува датум – туку само дека средбата била за зајакнување на стабилноста на балканскиот регион. Ќе седне ли на масата до крајот на годината земјава со отворено поглавје - или пак септември ќе биде новиот јуни кој владата го најави уште лани како фиксен? Што доколку и на есен Франција се' уште се противи на преговори? Ги стави ли во фиока најавите за избори и враќање на мандатот Заев до септември?
 
Во 24 анализа дебатираат Дане Талески, Сафет Бишевац и Горан Момировски.