18 годишна бремена гевгеличанка почина од ковид-19, имала тешки коморбидитети
Foto

18 годишна бремена гевгеличанка почина од ковид-19, имала тешки коморбидитети

18 годишна гевгеличанка која била бремена седми месец е е меѓу последните жртви од комликациите предизвикани од вирусот ковид -19.

Жената која имала тешко срцево заболување и страдала од редок генетски синдром „ellis van creveld’’ во гевгелсиакта болница дошла со силно изразени сиптоми на коронавирус. По 24 часовна хоспитализација и влошена здравствена состојба  веднаш била префрлена на клиниките во Скопје

„Сите од нејзиното семејство беа позитивни на ковид-19 но таа кај нас беше примена со тешка клиничка слика. Со оглед дека имаше комобирдитети односно тешко срцево заболување и редок генетски синдром а заради наглото паѓање на сатурацијата одлучивме да ја препратиме на клиниките во Скопје каде по неколку дена лекување починала.“ - ни изјави директоот на гевгелиската болница Димитар Крџев

За последните 24 часа во земјава од компликации предизвикани од ковид 19 починаа 31 лице а регистрирани се 256 нови позитивни.

0 Коментари

Остави коментари