163 сообраќајни казни во Скопје - 82 се за брзо возење
Foto

163 сообраќајни казни во Скопје - 82 се за брзо возење

Министерството за внатрешни работи вчера продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

„На територијата на град Скопје изречени се вкупно 163 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 82 санкции, 12 за возење без возачка дозвола, четири прекршока што ги чинат возачите на мотоцикли. Изречени се шест санкции за користење мобилен телефон, 33 санкции за непрописно паркирање, три санкции за минување на црвено светло“ - информираат од МВР. 

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.

0 Коментари

Остави коментари