16 годишно момче се бори за живот, а тројца се пренесени во болница после тепачка што вчера околу пладне се случила во автобус на јсп, број 56, помеѓу две групи малолетници. Тешко повредениот е се наоѓа во скопскиот Клинички центар. Од МВР соопштуваат дека на 12.09 било пријавено дека бил нарушен јавниот ред и мир во автобус бр. 56, при што со повреди од остар предмет се здобил 16-годишен малолетник. Со повреди се здобиле и уште две други малолетни лица кои се пренесени во градската општа болница „8-ми септември“. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.
0 Коментари