16-годишник со „бмв x6“ прегази доктор кај Клинички центар
Foto

16-годишник со „бмв x6“ прегази доктор кај Клинички центар

Познатиот абдоменален хирург и професор, Ѓорѓи Јота е во кома откако синоќа беше прегазен на пешачки премин во близина на Клиничкиот центар. Тој е со сериозни повреди на мозокот, приклучен на респираторна машина, а лекарите велат дека во моментот состојбата е стабилна, но многу сериозна. 

Тонски Д-р.Александар Трајановски, медицински директор на ЈЗУ УК ТОАРИЛУЦ 

58 годишниот хирург е прегазен од 16  годишник кој без возачка дозвола возел автомобил БМВ Х6 со скопски регистраски таблички. Доктор Јота со тешки телесни повреди бил пренесен во Клиничкиот центар и во моментот се наоѓа на КАРИЛ. 

Несреќата се случила во 20 часот и 30 минути, на крстосницата од булевар Мајка Тереза и улицата Елисие Поповски Марко. Откако го прегазил, шеснаестгодишникот избегал од местото, но набрзо бил фатен во близина на Рамстор. Извршен е увид на местото на настанот од увидна екипа на СВР Скопје.

0 Коментари

Остави коментари