15 МАЈ, МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА СЕМЕЈСТВОТО
Foto

15 МАЈ, МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА СЕМЕЈСТВОТО

Денеска на Филозовскиот Факултет се одбележа 15 мај, Меѓународниот ден на семејството. Истиот датум е прогласен од страна на Обединетите Нации во 1993 година, а првпат е одбележан во 1994 година.

Од Институтот за семејни студии при Филозофскиот Факултет кои се и организатори на денешниот настан, велат дека целта на одбележувањето е да се подигне свеста за значењето на семејството и неговата вредност во општеството. Исто така во текот на изминатата недела беше промовирано и првото списаније на семејните студии, а како дел од активностите во рамии на Меѓународниот ден е и утрешниот хуманитарен базар на кој ќе се продаваат разни изработки од страна на Институтот за семејни студии - парите коишто ќе бидат собрани ќе бидат донирани за децата од СОС детското село.

0 Коментари

Остави коментари